Пребарување
Правична наплата на долгот: Должникот го врши плаќањето лесно и анонимно преку паметен телефон.
  • Како постапуваме со нашите корисници кои имаат долгови? EOS е компанија свесна за својата одговорност.
  • Со политиката на целата групација се гарантира дека должниците ќе се третираат праведно и со почит.
  • Националните иницијативи особено ги штитат ранливите категории на корисници од прекумерно финансиско оптоварување.
  • Дигиталните портали, како што е „myEOS“ кој се користи во неколку земји во Европа, им овозможуваат на должниците да ги решат грижите брзо и анонимно.
За многу луѓе, компаниите за управување со побарувања и општествената одговорност не се сметаат за компатибилна комбинација, што во суштина се должи на фактот дека процесот на наплата на долговите често е придружен со конфликт. Со цел да биде праведна не само кон сопствените клиенти, туку и кон должниците, Групацијата EOS постојано си го поставува прашањето: каква форма има правичниот и фер третман кон овие корисници?

Долгорочно раздолжување, поддршка кога е потребна.

Како одговор на ова прашање, EOS осмисли пет принципи за правичен и одговорен третман, кои отсега важат за секој вработен во Групацијата. Според условите од оваа меѓународна политика, EOS се обврзува да користи едноставен и јасен јазик и да дејствува на одговорен и тактичен начин. 

Исто така, постојат неколку национални иницијативи меѓу поединечните подружници, кои се грижат за локалните потреби на должниците и ги поддржуваат во изнаоѓањето на одржливо решение за раздолжување. Фокусот на овие иницијативи е да се обезбедат услуги кои имаат за цел да ги заштитат ранливите должници. Луѓето со финансиски проблем поради сериозна болест се меѓу оние кои се сметаат за ранливи.
ЗумЗум
Правична наплата на долгот: Двајца вработени во EOS разговараат како одговорно да се справат со должниците.
EOS има развиено програми во многу земји кои ги штитат конкретно ранливите должници.

Прилагодени решенија во тешки времиња. 

Ако, на пример, корисник на услугите на EOS во Швајцарија не може да ги подмири долговите поради болест или други неповолни околности, може да се вклучи лична советодавна служба за должници во обид да се создаде соодветен план за раздолжување што одговара на индивидуалната ситуација на должниците. Во Шпанија и Романија, исто така, EOS им нуди на особено ранливите потрошувачи кои не работат, лични советодавни услуги и флексибилни, прилагодени планови за плаќање. Во случаи на особено сериозни финансиски тешкотии, може да се договори попуст на заостанатиот износ или привремено стопирање на последиците од наплатата на долгот. EOS исто така работи на програма во Полска која ќе понуди психолошка поддршка на луѓето кои страдаат во лични кризи.

Анонимно управување преку портали за самопослужување.

Додека сериозните финансиски тешкотии често се исклучок, многу лица кои се во задолжување ја ценат можноста брзо и анонимно да се справат со процесите на плаќање. Затоа, дигиталните портали им пружаат средства да ги решат своите грижи по принципот на самопослужување и без потреба да ангажираат вработен во EOS. Директното плаќање може да се изврши брзо и практично без најава. EOS во Германија нуди можност да се прилагоди ратата додека сте во движење, во само неколку чекори со помош на фукнционалностите достапни на паметните телефони или на компјутерите. Достапен е широк опсег опции за плаќање, вклучувајќи кредитна картичка, Apple Pay или PayPal. Целта е да се направи непријатната ситуација што е можно попријатна за сите засегнати - а исто така да се покаже дека наплатата на долгот и општествената одговорност меѓусебно не се исклучуваат.

Ако вашата компанија бара одговорен давател на услуги за наплата на долгови, обратете ни се.

Фото кредити: EOS