Illustration of a world map showing the locations of EOS companies and partner companies.

Добредојдовте во
EOS Global Collection

Глобален интернет портал на Групацијата EOS за меѓународна наплата на Вашите побарувања

EOS, една од водечките компании за финансиски услуги во светот, нуди услуги за наплата на побарувања во Европа, Северна Америка, како и Азија. 6.000 вработени ширум светот целат да ги најдат најдобрите решенија за клиентите на Групацијата EOS. EOS нуди услуги на наплата на побарувањата во повеќе од 180 земји. 

Доколку имате многу клиенти во различни земји низ светот, постои можност да се јави потреба да управувате со ненаплатени долгови во други земји. Со EOS, културните разлики, јазичните бариери, различните закони и географската оддалеченост се предизвик со кој не мора да се справувате сами: лесно можете да ни ги предадете Вашите побарувања - без разлика на кое место во светот имате ненаплатени долгови, EOS Global Collection нуди брзи и ефикасни услуги за наплата низ целиот свет.

Вака изгледаше нашата финансиска 2022/23 година

Фискалната 2022/23 година се карактеризираше со неизвесност. Дознајте овде како Групацијата EOS сепак успеа да постигне позитивен резултат. Во нашиот Годишен и извештај за одржливост, ќе ги најдете сите наши KPI и најважните деловни моменти и ќе дознаете што прави Групацијата EOS за да ги исполни своите ESG (еколошки, социјални и управувачки) одговорности.
2022/2023

Прекугранично решение

Со процесот на наплата на побарувањата локално управуваат нашите партнери. На овој начин ја гарантираме правната експертиза, притоа почитувајќи ги локалните менталитети. Во Вашата татковина имате само едно лице за контакт кое за Вас управува со целокупната комплексна област на меѓународното управување со побарувањата. Преку Вашиот доверлив и близок контакт може да имате директна корист од нашето долгогодишно искуство и локално знаење. Едноставно, оставете го Вашиот меѓународен бизнис да расте и напредува! Ние ќе се погрижиме за управувањето со побарувањата – насекаде во светот.

Решение на заеднички услуги

За мултинационалните клиенти со централизиран пристап до наплатата на побарувањата, EOS ја поддржува стратегијата на високо автоматизирана и прилагодена стратегија на наплата. Во фокусот се наоѓаат глобалната хармонизација на процесот, како и транспарентноста. Вашиот Центар за заеднички услуги ќе има видливост и контрола врз целокупните процеси и резултати од наплатата на ниво на групацијата.

Со процесот на наплата на побарувањата и оперативните дискусии за Вашите датотеки, локално управуваат нашите експерти. Вашите регионални ограноци ќе имаат лице за контакт со долгогодишно искуство и локално знаење. Со Вашите пари управуваме како продолжување на Вашите операции. Вие ја задржувате контролата врз Вашите побарувања. EOS Global Collection ја обезбедува инфраструктурата и технологијата за целосно автоматизиран тек на комуникацијата и поднесувањето на случајот.  

Придобивки за клиентот

  • Решение „сè во едно“ за глобална хармонизација на процесот
  • Високо ниво на контрола преку технологијата, разбирањето и споредливоста на различните пазари
  • Користењето синергии помага во намалувањето на трошоците
  • Оптимизирана работна сила со фокусирање на случаите што ѝ даваат вредност на организацијата

Наша меѓународна мрежа на партнери

Нудиме услуги за инкасирање во околу 180 земји со повеќе од 20 филијали на EOS и добро утврдена и внимателно одбрана мрежа на партнери низ целиот свет. Експертските тимови поседуваат регионални практични искуства како за комерцијални, така и за побарувања од потрошувачи. Можеме да Ви помогнеме со секаков вид на услуги за наплата: од истражување на информациите до наплата на побарувања во пред-судска постапка, во судска постапка - Нотарска постапка и во пост-судска постапка - Извршна постапка. Нашата глобална мрежа на партнери ги поседува следните карактеристики:

  • Способни партнери - компании поседувани од EOS, реномирани компании за наплата на побарувања и одбрани правни партнери кои делуваат локално.
  • Општа перцепција - нашите партнери се однесуваат според нашите вредности и се придржуваат на нашиот Кодекс на однесување.
  • Постојана контрола на квалитетот - гарантираме стручност, брза обработка и оптимизација на трошоците
  • Сигурно известување - партнерите известуваат навреме, редовно и одговорно.
EOS нуди меѓународна IT платформа за оптимизирање на глобалните работни процеси во наплатата на побарувања помеѓу партнери од целиот свет. Овој интернет портал нуди директна, транспарентна комуникација во реално време. Сите активности и резултати во врска со побарувањата може да се видат директно на интернет порталот. Информациите специфични за една земја, вклучувајќи го нашето практично искуство од локалните пазари, процедурите при наплата и информациите околу локалното законодавство им се достапни на нашите партнери и клиенти и на англиски јазик.
Со EOS Global Collection ќе имате на располагање само едно локално лице за контакт за целата област на управување со меѓународни побарувања. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за EOS Global Collection Ве молиме проверете ја мапата за да го дознаете Вашето локално лице за контакт или обратете ни се на адресата за електронска пошта испишана под мапата. За да ги искористите сите опции кои ги нуди EOS Global Collection, ќе ги добиете Вашите податоци за најавување од Вашето локално лице за контакт од EOS. Кога ќе Ви е потребно известување за напредокот на Вашите случаи со меѓународни побарувања, само внесете го Вашето корисничко име и лозинка. Ќе пристапите на платформата каде што ќе ги најдете бараните информации за статусот со целосна безбедност на податоците.
Нашата најсовремена IT платформа ги оптимизира глобалните работни процеси за да ја гарантира најдобрата можна услуга и резултати од наплата.

EOS Global Collection:

  • регулира автоматизирано пренесување на случаи.
  • ги поврзува нашите партнери низ целиот свет.
  • секогаш овозможува транспарентен пристап во реално време до информациите за статусот.
  • нуди целосна безбедност на податоците и приватност.
  • нуди повеќе опции за известување и контролирање.
Постоењето на барања за минимално ниво на квалитет за сите партнери од мрежата, обезбедува подеднакво ниво на квалитет ширум светот.

Водиме грижа кога се одвиваат настаните:

  • Првото писмо се испраќа во рамките на 1 работен ден
  • Првиот телефонски повик се извршува во рамките на 10 работни дена
Водиме грижа кои настани се одвиваат:

  • Минимум 2 писмени потсетувања
  • Минимум 2 телефонски повици
  • Alexander Heil ,
    Раководител на финансии и сметководство
    at the DER Deutsches Reisebüro GmbH in Germany:

    ‘ Им ги доверуваме нашите барања на EOS затоа што знаеме дека нашите побарувања со нив се во безбедни раце. EOS работи професионално, брзо и ефикасно и ја поседува вистинската комбинација на тактичност и интегритет кон нашите редовни клиенти. ‘
  • Mar Kasan,
    Менаџер за наплата на долгови
    во KBM Fineko d.o.o. во Словенија:

    ‘ EOS го сметаме за важен и доверлив партнер. Пријателски настроениот и професионален тим се грижи сите доверени случаи да бидат управувани на транспарентен начин. Тие се неверојатно флексибилни и се непроценлив квалитет во нашето работење. Најголема придобивка имаме од глобалното присуство на EOS, брзиот одзив на барањата, ефикасната наплата на побарувањата, сигурното управување со должниците како и редовното известување. ‘
  • Adrienne Gulyás,
    Финансиски известувач
    во Gartner во Унгарија:

    ‘ The EOS international office network is a big strength of the EOS Group. We at GARTNER appreciate very much the expertise of all EOS branches and partners. ‘

Што може да очекувате од нас:

  • Глобална мрежа на кореспонденти со стручност за работа во странство
  • Регионални практични искуства и почит кон обичаите специфични за одредени земји
  • Брзи, вон-судски, а со тоа и економски-ефикасни решенија со стандардите за квалитет на EOS
  • Локално лице за контакт за целата област на управување со меѓународни побарувања
heart, flag, star, necktie, envelope