Пребарување
Извршниот директор Владислав Хаџидинев во сино одело и катерина Бошевска извршен директор на ЕОС Северна Македонија во светло сино блејзер кој стои еден до друг во канцеларија со црвен ѕид
  • Уни Банка е првата банка во Северна Македонија која работи со EOS со т.н. "концепт на револвинг пренос" во областа на управувањето со побарувања.
  • „Концептот на револвинг пренос“ им овозможува на двете договорни страни да прават реалистични пресметки и да изградат реалистични очекувања.
  • Позитивен импулс за економијата на Северна Македонија.
Времето беше идеално. Беше август 2021 година, кога Владислав Хаџидинев, Извршен директор на македонската банка "Уни Банка", доби повик на својот мобилен телефон. На другиот крај беше д-р Катерина Бошевска, Генерална директорка на EOS во Македонија и Косово. Двојката се познава професионално. Делумно затоа што во минатото, Катерина предложи соработка помеѓу банката и компанијата за управување со побарувања на Управниот одбор на Уни Банка: EOS можеше да купи ненаплатени побарувања од Уни Банка и да го преземе нејзиниот процес на управување со тие побарувања. Тогаш, нејзиниот иницијативен обид беше неуспешен. Но кога Катерина повторно го претстави својот предлог во август 2021 година, одговорот на Владислав беше: "Треба да се сретнеме".

Само неколку дена подоцна тие ги разговараа за основата на соработката, а неколку недели подоцна ги потпишаа договорите. Владислав се насмевнува кога зборува за тоа: "Беше голем успех за двете наши компании." Катерина кимна во согласност.

Првата македонска банка која управува со своите побарувања преку "концептот на револвинг пренос".

Иако оваков вид на соработка е необична во Северна Македонија, Владислав истакнува дека ниту една друга банка пред него не го предала целосно своето управување со побарувања. И во неговата организација, претходно имало многу скептицизам: "Па, за банка исто така постои и психолошки аспект: Зошто треба да ги продадеме нашите наплати?"
ЗумЗум
Владислав Хаџидинев извршен директор на УНИБАНКА седи на канцелариско биро со црвена папка пред него
Владислав Хадџидинев, Извршен директор на Уни Банка; фотографија: Економија и бизнис
Но, во август 2021 година нешто се променило. Поради светската пандемија, економската ситуација во земјата беше предизвикувачка. Бројот на кредити кои не се плаќаа растеше. Не само што тоа ја загрозуваше ликвидноста на банката, вели Владислав: "Тоа исто така го загрозуваше нашето успешно реноме." Зашто веќе години, финансиската институција постигнуваше извонредни резултати за своите инвеститори, со стапки на поврат на инвестициите до 15 проценти. Тогаш, во третиот квартал од пандемиската 2021година, ненаплатените кредити беа опасност да не ги постигнеме очекувањата. "Секако се обидовме и сами да ги избегнеме неплаќањата, преку подобри модели за проценка на кредитот", вели Владислав. 
Владислав Хаџидинев извршен директор на УНИБАНКА седи на канцелариско биро со црвена папка пред него

Секако, се обидовме и сами да ги избегнеме непла ањата, примарно преку подобри модели за проценка на кредитот.

Владислав Хадџидинев
Извршен директор на Уни Банка

Пандемијата ги промени нешатата

Затоа, овабеше правилниот момент за EOS да ја искористи повторно својата експертиза, вели Катерина. Овој пат, таа свесно се обрати до Владислав: "Знаев дека тој е специјалист за управување со ризици. Затоа, се потпрев на фактот дека тој ќе ја оцени ситуацијата на истиот начин како и јас." Само неколку недели подоцна, EOS презеде пакет на потрошувачки кредити од Уни Банка.
Катерина Бошевска, извршен директор на ЕОС Северна Македонија, стои пред светската мапа

Беше голема помош за нас тоа што сме меѓународна компанија. Главната канцеларија  на EOS Групацијата нѐ  поддржа со своето искуство и експертиза.

д-р Катерина Бошевска
Генерална директорка на EOS Матрих Северна Македонија
"Аутсорсингот беше пробен тест" вели Владислав. "Прво, сите моравме да процениме во што се впуштаме." Тоа беше исто и за EOS. Во суштина, уште немаше референтни вредности за Северна Македонија за да се пресметаат кои стапки на имплементација и цени би биле реалистични. "Беше голема помош за нас тоа што сме меѓународна компанија," вели Катерина. " Главната канцеларија  на EOS Групацијата нѐ поддржа со своето искуство и експертиза.

Но, ова не беше еднократен договор. Експертите од EOS и Уни Банка се сретнуваа редовно за да разговараат кои наплати може да се реализираат. И во која количина. Каде беше тешко, каде одеше добро, и кои беа причините во секој од случаите.

Можете да се сметате на тоа: Како функционира револвинг управувањето со побарувања 

"Од сето ова добивме поголеми искуства," вели Владислав. "Ова ни помага да ги пресметуваме нашите производи подобро во иднината и да ги прилагодиме параметрите подетално." На пример, демографските и географските фактори сега добиваат повеќе внимание при пресметувањето на понуди. "На овој начин успеавме да го намалиме бројот на неизвршливи плаќања."

И кредитите кои  не се плаќаат сега се преземаат од EOS. За тоа, двете компании во меѓувреме потпишаа долгорочен договор. Ова се базира на концептот за 'управување со револвинг пренос развиен од EOS: Секој квартал, Уни Банка ги продава своите кредити на EOS на поставен процент за номиналната вредност. За Уни Банка ова е идеално, вели Владислав: "Можеме да пресметаме трошоците за нашите ненаплатливи побарувања." Од друга страна пак, EOS има корист од тоа што може да преземе фиксен обем на кредити. "Благодарение на нашата експертиза, овој систем се исплатува и за нас."

Двете компании веруваат дека на долг рок, соработката може да има позитивен импулс за цела Северна Македонија. "Сега имаме пример на најдобра пракса кој им покажува на сите финансиски институции дека: 'Тие се во добивка ако ние ја преземеме оваа задача," вели Катерина. Во случај на сомнеж, EOS исто така може само да преземе улога на советник: "Доколку некој сака да продолжи самостојно да се занимава со управување со побарувања, ние можеме да им покажеме како да го прават тоа поефикасно."
ЗумЗум
Катерина Бошевска, извршен директор на ЕОС Северна Македонија, стои пред светската мапа
д-р Катерина Бошевска, Генерална директорка на EOS Матрих Северна Македонија; фотографија: Економија и бизнис
На крајот, ова не само што има корист за Уни Банка и EOS, вели Катерина, туку и за потрошувачите. Зашто кога банките не можат да ги наплатат своите побарувања, брзо започнуваат правните постапки. "Ова не е пријатно решение за ниедна од страните и исто така процесот чини многу," вели Катерина. EOS има различен пристап: "Разговараме со потрошувачите и разгледуваме што е изводливо и наоѓаме практични решенија. Често, добиваме позитивен фидбек за овој пристап, каде луѓето ни кажуваат дека не знаеле дека нешто такво е можно."

Конечно, и македонското општество во целост има корист. "Ги избавуваме луѓето од нивните долгови," вели Катерина: "На тој начин им овозможуваме да учествуваат повторно во економскиот живот. И тоа го зајакнува целиот економски циклус."

Светска експертиза во управувањето со побарувања.

Ако сакате да дознаете повеќе за меѓународната соработка со EOS, едноставно јавете ни се!
Фото кредити: fotografija: Economy and Business