Пребарување
Cybersecurity expert Janusch Skubatz, Chief Information Security Officer of the EOS Group, with brown hair and white shirt
  • Генеративната ВИ нуди одлични можности.
  • Матичната групација на EOS, ОТО Групацијата, разви сигурна алатка прилагодена на потребите на компанијата.
  • Нејзината употреба нуди предности и во секторот за управување со побарувањата со своите особено високи стандарди.
Тоа беше непријатна вест за раководството на електронската групација Самсунг. Во пролетта 2023 година, на интернет одеднаш се појавија белешки од внатрешни состаноци и податоци за работата на производствените капацитети. Виновниците не беа хакери, туку самите вработени во компанијата кои користеле генеративна вештачка интелигенција (ГенВИ). Еден вработен, на пример, користел ChatGPT за да ги претвори своите белешки за состаноци во готов документ без да сфати дека бесплатната верзија на овој виртуелен помошник ги зачувува сите информации од инструкциите на своите корисници - и ги користи за да го прошири своето знаење.

Пример што покажува дека генеративната интелигенција, исто така носи ризици како што се недоволната свест на вработените за безбедносните празнини, недостатокот на упатства на компанијата или нови можности за хакерите за напад. Во глобалното истражување спроведено од консултантската фирма McKinsey, 53% од сите учесници кои веќе работеле со генеративна ВИ, сметаат дека сајбер безбедноста е најголемиот ризик од новата технологија.

Колку компании ја гледаат сајбер безбедноста како најголем проблем:

ЗумЗум
Graphic with the number 53 percent shows how many companies consider cyber security to be their biggest problem.
Source: McKinsey Global Survey on AI, 2023, “The state of AI in 2023: Generative AI’s breakout year”

Извор: Глобална анкета на McKinsey за ВИ, 2023 година, „Состојбата на ВИ во 2023 година: година на пробивање на генеративната ВИ“

Пристап на безбедно решение за генеративната ВИ

Само олкав број на компании имаат упатства за употреба на ВИ:  

Истовремено, генеративната ВИ им нуди на компаниите огромен потенцијал да ја зголемат нивната ефикасност и иновативна сила. Затоа, Ото Групацијата бараше начин да ги искористи можностите што ги нуди технологијата - а во исто време да ги ограничи нејзините ризици. Под името ogGPT, матичната компанија на EOS разви сопствена генеративна вештачка интелигенција за 26.000 вработени во Групацијата. „Сакавме да создадеме решение кое е прилагодено на потребите на нашата Групација, со фокус на безбедноста и заштитата на податоците“, вели Ања Курбер, раководител за ВИ и автоматизација во ИТ на Ото Групацијата. За комапнијата верзија на Chat GPT достапна за деловниот свет не доаѓаше предвид – иако овој асистент со вештачка интелигенција не ги складира информациите од инструкциите. „Серверите се наоѓаат во САД“, вели Ања. „Ова значи дека во случај на сомнеж, локалните вработени, на пример од тимот за поддршка, би имале пристап до податоците. Европските стандарди како што е GDPR не се применуваат во САД“.

Only this many companies have guidelines on the use of AI: 

ЗумЗум
Graphic with 21 percent shows how many companies have an AI policy.
Извор: Глобална анкета на McKinsey за ВИ, 2023 година, „Состојбата на ВИ
во 2023 година: година на пробивање на генеративната ВИ“

Анкетата на консултантската фирма McKinsey исто така јасно покажува дека постои јаз во однос на упатствата за користење. Групацијата Ото веќе се осврна на ова прашање, исто така во име на нејзините филијали. Во текот на два месеци, вработените во Групацијата Ото не само што развија упатства за вештачка интелигенција, туку и поединечни блокови за создавање на ogGPT во различни проекти и хакатони. Ова резултираше со основна рамка што го ажурира своето знаење - вклучително и со податоци од интернет - но сепак е безбедна, објаснува Ања: „ogGPT ги заборава инструкциите. Имаме целосна контрола врз податоците“.

Сепак, уникатноста на ogGPT не е само безбедноста. „Сакавме функционалности што одговараат на нашите барања“, вели Ања. На пример, помошникот за ВИ може да ја сумира содржината на долга е-меил комуникација. ogGPT, исто така, веќе се користи за пишување билтен: додека на читателите на билтенот претходно им беа обезбедени само наслови кои се поврзуваа со понатамошна содржина, тие сега можат да најдат компактни резимеа на содржината. Значително подобрување што би одземало премногу време за да се направи рачно.
Portrait of the female expert Anja Körber, Head of Artificial Intelligence & Automation in the Otto Group, with a braid and blazer.

„Сакавме да создадеме решение кое е прилагодено на потребите на нашата групација

со фокус на безбедноста и заштитата на податоците“.

Ања Курбер
Раководител на вештачка интелигенција и автоматизација
Дополнително, внатрешно решение го намалува стравот од контакт кај вработените за кои интеграцијата на генеративната ВИ во нивната секојдневна работа треба да стане дел од нивниот секојдневен живот. „Благодарение на внатрешното решение, изградивме внатрешен тим од експерти и создадовме сопствена заедница. Пред сè, заедницата им дава добро чувство на многу вработени: ако не можам да најдам решение, можам да ги прашам моите колеги “.

Внатрешната генеративна ВИ е исто така корисна за EOS, подружницата на Ото, вели Јануш Скубац, главен директор за безбедност на информации на Групацијата EOS. Првичните внатрешни проекти веќе се во тек. „Мислам дека ќе користиме и ogGPT во иднина“, вели тој, „но пречките за заштита на податоците во управувањето со побарувањата се особено високи. Кога преземаме нефункционални побарувања, на пример, добиваме пристап до податоци кои се особено достојни за заштита“. Ова е причината зошто EOS подлежи на подалекусежни правила од другите компании, а честопати и на договорни барања од партнерите, вели Јануш: „Затоа мора внимателно да провериме дали технологијата треба да ги исполни понатамошните барања“.
Cybersecurity expert Janusch Skubatz, Chief Information Security Officer of the EOS Group, with brown hair and white shirt

Инструкциите на интернет не треба да содржат деловни информации кои не се наменети за надворешниот свет“

Јануш Скубац
Главен директор за информациска безбедност на EOS Групацијата
Сè додека компаниите не можат да користат своја безбедна верзија на генеративна ВИ, Јануш ги советува корисниците во сите индустрии да се придржуваат до основните правила. EOS и Ото Групацијата како целина веќе имаат политика за ВИ која се однесува на сите вработени.

Извадок од упатствата за ВИ на EOS Групацијата

  • Дејствувајте одговорно! Внесувајте податоци во јавните системи за ВИ само ако е соодветно да се објават податоците на веб-страницата на компанијата.
  • Внимавај! Одговорите генерирани од ВИ може да бидат пристрасни, неточни или несоодветни. Секогаш проверувајте ги резултатите генерирани од алатките за ВИ.
  • Претпазливо! Никогаш не давајте ги вашите детали за најавување (корисничко име, лозинка) на алатките за ВИ и секогаш внимавајте на методите за фишинг.
  • Побарајте поддршка: ако не сте сигурни дали ви е дозволено да користите одредени податоци или која алатка за ВИ е безбедна, прашајте го вашиот локален офицер за безбедност на информации.
Сепак, Јануш смета дека најодлучувачкиот фактор е редовната интеракција со генеративната ВИ: „Искуството е предуслов за развивање чувство за технологијата и квалитетот на резултатите“. На овој начин, може да се избегнат ризични ситуации како оние во Самсунг и да се искористи огромниот потенцијал.

Дали сте заинтересирани да разговарате за индивидуализирана генеративна ВИ? Контактирајте не’ сега.

Фото кредити: EOS