Пребарување

Добредојдовте во
EOS Global Collection

Глобален интернет портал на Групацијата EOS за меѓународна наплата на Вашите побарувања

EOS, една од водечките компании за финансиски услуги во светот, нуди услуги за наплата на побарувања во Европа, Северна Америка, како и Азија. 6.000 вработени ширум светот целат да ги најдат најдобрите решенија за клиентите на Групацијата EOS. EOS нуди услуги на наплата на побарувањата во повеќе од 180 земји. 

Доколку имате многу клиенти во различни земји низ светот, постои можност да се јави потреба да управувате со ненаплатени долгови во други земји. Со EOS, културните разлики, јазичните бариери, различните закони и географската оддалеченост се предизвик со кој не мора да се справувате сами: лесно можете да ни ги предадете Вашите побарувања - без разлика на кое место во светот имате ненаплатени долгови, EOS Global Collection нуди брзи и ефикасни услуги за наплата низ целиот свет.

We build on fairness.

Откријте како EOS овозможува одржливо олеснување на долговите за потрошувачите преку етично наплаќање и почитлива комуникација. Нашите принципи на емпатија и прост јазик се во срцето на нашите акции. Научете повеќе за нашите иницијативи и дигитални решенија кои поддржуваат луѓе во финансиски тешкотии.

 Illustration of diverse people

Прекугранично решение

Со процесот на наплата на побарувањата локално управуваат нашите партнери. На овој начин ја гарантираме правната експертиза, притоа почитувајќи ги локалните менталитети. Во Вашата татковина имате само едно лице за контакт кое за Вас управува со целокупната комплексна област на меѓународното управување со побарувањата. Преку Вашиот доверлив и близок контакт може да имате директна корист од нашето долгогодишно искуство и локално знаење. Едноставно, оставете го Вашиот меѓународен бизнис да расте и напредува! Ние ќе се погрижиме за управувањето со побарувањата – насекаде во светот.

Што може да очекувате од нас:

icon red website

Глобална мрежа на кореспонденти со стручност за работа во странство

icon red future

Регионални практични искуства и почит кон обичаите специфични за одредени земји

icon red collaboration

Локално лице за контакт за целата област на управување со меѓународни побарувања

icon red debt collection euro

Брзи, вон-судски, а со тоа и економски-ефикасни решенија со стандардите за квалитет на EOS

Shared service solution

За мултинационалните клиенти со централизиран пристап до наплатата на побарувањата, EOS ја поддржува стратегијата на високо автоматизирана и прилагодена стратегија на наплата. Во фокусот се наоѓаат глобалната хармонизација на процесот, како и транспарентноста. Вашиот Центар за заеднички услуги ќе има видливост и контрола врз целокупните процеси и резултати од наплатата на ниво на групацијата.

Со процесот на наплата на побарувањата и оперативните дискусии за Вашите датотеки, локално управуваат нашите експерти. Вашите регионални ограноци ќе имаат лице за контакт со долгогодишно искуство и локално знаење. Со Вашите пари управуваме како продолжување на Вашите операции. Вие ја задржувате контролата врз Вашите побарувања. EOS Global Collection ја обезбедува инфраструктурата и технологијата за целосно автоматизиран тек на комуникацијата и поднесувањето на случајот.

Придобивки за клиентот

icon red digital processes

Решение „сè во едно“

за глобална хармонизација на процесот

icon red smiley positive

Оптимизирана работна сила

сила со фокусирање на случаите што ѝ даваат вредност на организацијата

icon red money

Користењето синергии

помага во намалувањето на трошоците

icon red infographic

Високо ниво на контрола 

преку технологијата, разбирањето и споредливоста на различните пазари

Our international partner network

Нудиме услуги за инкасирање во околу 180 земји со повеќе од 20 филијали на EOS и добро утврдена и внимателно одбрана мрежа на партнери низ целиот свет. Експертските тимови поседуваат регионални практични искуства како за комерцијални, така и за побарувања од потрошувачи. Можеме да Ви помогнеме со секаков вид на услуги за наплата: од истражување на информациите до наплата на побарувања во пред-судска постапка, во судска постапка - Нотарска постапка и во пост-судска постапка - Извршна постапка. Нашата глобална мрежа на партнери ги поседува следните карактеристики:

  • Способни партнери - компании поседувани од EOS, реномирани компании за наплата на побарувања и одбрани правни партнери кои делуваат локално.
  • Општа перцепција - нашите партнери се однесуваат според нашите вредности и се придржуваат на нашиот Кодекс на однесување.
  • Постојана контрола на квалитетот - гарантираме стручност, брза обработка и оптимизација на трошоците.
  • Сигурно известување - партнерите известуваат навреме, редовно и одговорно.
Business team standing at convention center

EOS нуди меѓународна IT платформа за оптимизирање на глобалните работни процеси во наплатата на побарувања помеѓу партнери од целиот свет. Овој интернет портал нуди директна, транспарентна комуникација во реално време. Сите активности и резултати во врска со побарувањата може да се видат директно на интернет порталот. Информациите специфични за една земја, вклучувајќи го нашето практично искуство од локалните пазари, процедурите при наплата и информациите околу локалното законодавство им се достапни на нашите партнери и клиенти и на англиски јазик.

Со EOS Global Collection ќе имате на располагање само едно локално лице за контакт за целата област на управување со меѓународни побарувања. За да ги искористите сите опции кои ги нуди EOS Global Collection, ќе ги добиете Вашите податоци за најавување од Вашето локално лице за контакт од EOS. Кога ќе Ви е потребно известување за напредокот на Вашите случаи со меѓународни побарувања, само внесете го Вашето корисничко име и лозинка. Ќе пристапите на платформата каде што ќе ги најдете бараните информации за статусот со целосна безбедност на податоците.

Нашата најсовремена IT платформа ги оптимизира глобалните работни процеси за да ја гарантира најдобрата можна услуга и резултати од наплата.

EOS Global Collection:

  • регулира автоматизирано пренесување на случаи.
  • ги поврзува нашите партнери низ целиот свет.
  • секогаш овозможува транспарентен пристап во реално време до информациите за статусот.
  • нуди целосна безбедност на податоците и приватност.
  • нуди повеќе опции за известување и контролирање.

Постоењето на барања за минимално ниво на квалитет за сите партнери од мрежата, обезбедува подеднакво ниво на квалитет ширум светот.

Водиме грижа кога се одвиваат настаните:

  • Првото писмо се испраќа во рамките на 1 работен ден
  • Првиот телефонски повик се извршува во рамките на 10 работни дена

Водиме грижа кои настани се одвиваат:

  • Минимум 2 писмени потсетувања
  • Минимум 2 телефонски повици