Политика на приватност

  • Политиката на приватност се однесува на обработката на податоци од:

    EOS Holding GmbH
    Steindamm 71
    20099 Hamburg, Germany

    Телефон: +49 40 2532-8657
    Факс: +49 40 2532-8658

    Е-пошта: info@eos-solutions.com

    Менаџмент: Клаус Енгбердинг (Претседавач), Јустус Хекинг-Фелтман, Андреас Кроп, Марвин Рамке и д-р Андреас Витциг

    Регистрациски суд: Hamburg HRB 124 966
    ДДВ број: DE 813 348 056

    Контакт со службеникот за заштита на податоци за компанијата EOS Holding GmbH  може да се оствари преку горенаведената адреса (ве молиме допишете ДО: EOS Holding GmbH – eos-globalcolletion.com) или преку е-пошта на datenschutz@eos-solutions.com.

  • Политиката на приватност се однесува на собирањето лични податоци на нашата веб-локација и на понатамошната обработка на тие податоци од наша страна.

    Освен тоа, оваа политика на приватност служи за обезбедување информации согласно член 13 и 14 од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR) за обработка на податоци надвор од опфатот на собирање преку оваа веб-локација. На овој начин ќе ви обезбедиме одделни политики на приватност за посебни активности за обработка на податоци на индивидуална основа.

  • Оваа политика на приватност не се однесува на податоците обработени од другите компании на EOS Group. Ова важи и во случај ако тие други компании од EOS Group заедно со нивните податоци за контакт се наведени на нашата веб-локација и/или нивните услуги се прикажани на нашата веб-локација.

    Другите компании од EOS Group ќе ви обезбедат одделни политики на приватност за посебни активности за обработка на податоци на индивидуална основа.

  • a. Кога ја посетувате веб-локацијата

    Кога ја вчитувате нашата веб-локација eos-globalcollection.com прелистувачот што го користите на вашиот уред автоматски испраќа информации до серверот на нашата веб-локација. Овие информации привремено се зачувуваат во датотека за евиденција. Следниве информации се собираат без ваша интервенција и се чуваат додека не бидат автоматски се брише по 3 дена:

    • IPадресата на компјутерот од кој се врши вчитување,
    • датумот и времето на пристапување,
    • името и URL на вчитаната датотека,
    • веб-локацијата од која се извршило пристапување (URL на упатување),
    • веб-локацијата вчитана од нашата веб-локација,
    • прелистувачот, а можеби и оперативниот систем на вашиот компјутер, како и името на давателот на интернет пристап.

    Ние ги собираме горенаведените податоци за следниве цели:

    • да обезбедиме непречено воспоставување врска со нашата веб-локација,
    • да обезбедиме непречено користење на нашата веб-локација,
    • да ги анализираме безбедноста и стабилноста на системот, како и
    • за други административни цели.

    Правна основа за обработка на податоците е член 6(1) став 1 (ѓ) од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR). Нашиот легитимен интерес произлегува од целите за собирање податоци наведени погоре. Собраните податоци во никој случај не ги користиме за извлекување заклучоци за вас.

     Освен тоа, кога ја посетувате нашата веб-локација користиме колачиња и аналитички услуги. Подетални информации за ова може да се најдат во деловите 6 и 7 од оваа политика на приватност.

    b. Кога стапувате во контакт со нас преку е-пошта

    Доколку имате какви било прашања, може да ни се обратите преку дадените адреси на е-пошта.

    Во тој случај, личните податоци пренесени преку е-пошта се зачувуваат. Правна основа за обработка на податоците со цел остварување контакт е член 6(1)(ѓ) од Општата регулативата за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR). Доколку контактот се остварува заради склучување договор, дополнителна правна основа за обработка е член (6)(1)(б) од Општата регулативата за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR).

    Ние ги бришеме личните податоци што ги собираме откако ќе го обработиме вашето барање, освен доколку немаме законско право или обврска за нивна понатамошна обработка.

  • Ние ги пренесуваме вашите лични податоци на други компании од EOS Group или на други трети лица (примачи) само доколку:

    • сте дале експлицитна согласност за една или неколку од посебните цели согласно член 6(1) став 1 (а) од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR),
    • обелоденување согласно член 6(1) став 1 (ѓ) од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR) е неопходно заради утврдување, водење или одбрана на правни побарувања и нема причина да се смета дека имате интерес за необјавување на вашите податоци кој заслужува примарна заштита,
    • во случај да има правна обврска за обелоденување согласно член 6(1) став 1 (в) од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR) и
    • тоа е законски допуштено и неопходно заради исполнување договорна обврска согласно член 6(1) став 1 (б) од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR),
    • ги имаме обработено податоците во наше име согласно член 28 од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR).

    Не се врши пренос на вашите лични податоци за цели различни од горенаведените.

  • На нашата веб-локација ние користиме колачиња. Колачињата се мали датотеки што вашиот прелистувач автоматски ги создава и ги складира на вашиот уред (лаптоп, таблет, паметен телефон или слично) кога ја посетувате нашата веб-локација. Колачињата не му штетат на вашиот уред и не содржат вируси, тројанци ниту каков било друг злонамерен софтвер.

    Податоците преземени од комбинацијата со конкретниот уред што се користи се зачувуваат во колачето. Меѓутоа, не значи дека преку тоа ние веднаш го дознаваме вашиот идентитет.

    Од една страна, колачињата служат за да го направат попријатно користењето на нашите услуги. За таа цел, ние ги користиме таканаречените колачи на сесија за да утврдиме дали претходно сте посетиле некои индивидуални страници од нашата веб-локација. Тие автоматски се бришат кога ќе ја напуштите нашата веб-локација.

    Исто така, користиме привремени колачиња кои се складираат на вашиот уред на одреден временски период за да го подобрат корисничкото искуство. Ако повторно ја посетите нашата веб-локација за да ги користите услугите, ќе бидете автоматски препознаени како повторен посетител и вашите претходни внесови и поставки ќе бидат автоматски препознаени, така што не мора повторно да ги внесувате.

    Исто така, користиме колачиња за собирање статистички податоци за користењето на нашата веб-локација и ги анализираме со цел оптимизација на нашата понуда за вас (види дел 7). Со помош на овие колачиња, кога повторно ќе ја посетите нашата веб-локација, ние може автоматски да препознаеме дека сте повторен посетител. Тие автоматски се бришат по напуштањето на нашата веб-страница на соодветниот датум на важност.

    Податоците обработени со колачиња се неопходни заради наведените цели за заштита на нашите легитимни интереси, како и на легитимните интереси на трети лица согласно член 6(1) став 1 (ѓ) од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR).

    Повеќето прелистувачи автоматски прифаќаат колачиња, но вие може да го конфигурирате вашиот прелистувач на тој начин што нема да дозволува складирање колачиња на вашиот компјутер или ќе ви дава известување пред да биде зачувано ново колаче. Доколку целосно ги деактивирате колачињата, може нема да можете да ги користите сите функционалности на нашата веб-локација.

  • Shariff solution

    Ние користиме Shariff копчиња од социјалните мрежи Facebook, Twitter, Google+, LinkedIn, Xing  на нашата веб-локација. Копчињата се едноставни HTML врски. Постапката што ја користиме е во рамки на решението Shariff. Со решението Shariff, скриптата вчитува колку пати, на пр. било кликнато копчето за споделување што се наоѓа на страницата. За таа цел, скриптата стапува во контакт со социјалната мрежа преку програмските интерфејси и ги вчитува бројките. Притоа, не се пренесува ниту еден ваш личен податок. Наместо вашата IP-адреса, само адресата на нашиот сервер се испраќа до Facebook, Google и Twitter. Ќе бидете директно поврзани со Facebook, Google или Twitter само ако извршите некое дејство. Пред тоа, социјалните мрежи не може да соберат никакви податоци за вас. Сѐ додека не кликнете на некоја врска за споделување содржина, ќе бидете невидливи за мрежите. Доколку кликнете на некоја врска, ние повеќе немаме обврска за обезбедување информации за собирањето и обработката на податоците, туку таа обврска ја има операторот на социјалната мрежа.

  • Имате право:

    • согласно член 15 од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR) да побарате информации за вашите лични податоци што биле обработени од нас, поточно за целта на обработката, категоријата на лични податоци, категоријата на примачи со кои биле или ќе бидат споделени податоците, предвидениот период на задржување на податоците, постоењето на право на исправка, бришење, ограничување на обработката или приговор, постоењето на право на поднесување жалба, потеклото на вашите податоци доколку тие не биле собрани од наша страна и постоењето на автоматско одлучување, вклучително и профилирање, а ако е соодветно, и значенски информации за нивните детали;
    • согласно член 16 од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR) да побарате исправка на неточните или дополнување на личните податоци од вас што ги чуваме;
    • согласно член 17 од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR) да побарате бришење на вашите лични податоци што ги чуваме, под услов да не е неопходна нивна обработка заради остварување на правото на слобода на изразување и информирање, заради исполнување законски обврски, заради причини од јавен интерес или заради утврдување, остварување или одбрана на правни побарувања;
    • согласно член 18 од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR) да побарате ограничување на обработката на вашите лични податоци доколку ја оспорувате точноста на податоците и обработката е незаконска, но вие одбивате нивно бришење, а нам повеќе не ни се потребни податоците, но вам ви се потребни заради утврдување, остварување или одбрана на правни побарувања, или пак сте поднеле приговор на обработката согласно член 21 од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR);
    • согласно член 20 од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR) да побарате да ви ги доставиме во структуриран, стандарден и машински читлив формат вашите лични податоци што сте ни ги обезбедиле или да ги пренесеме на друго одговорно лице;
    • согласно член 7(3) од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR), во кое било време да ја повлечете согласноста што претходно ни ја имате дадено. Како последица на тоа, ние нема да смееме да продолжиме со обработката на податоци врз основа на таа согласност во иднина; и
    • согласно член 77 од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR) да поднесете жалба до надзорен орган. Обично може да стапите во контакт со надзорниот орган во вашето место на живеење или место на работа или нашата централа.
  • Ако вашите лични податоци се обработени врз основа на легитимни интереси согласно член 6(1) став 1 (ѓ) од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR), вие имате право согласно член 21 од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR) да поднесете приговор на обработката на вашите лични податоци под услов да има причини за тоа што произлегуваат од вашата конкретна ситуација или приговорот да се однесува на директно рекламирање. Во вториот случај, имате право на општ приговор кој ќе биде спроведен од нас без потреба од изјава за каква било конкретна ситуација.

    Ако сакате да го искористите вашето право за повлекување или одбивање, сѐ што треба да направите е да испратите е-порака на datenschutz@eos-solutions.com.

  • При посета на веб-локацијата ние го користиме широкоприфатениот метод SSL (слој на безбедни приклучоци) во комбинација со највисокото ниво на енкрипција што го поддржува вашиот прелистувач. Обично тоа е 256-битна енкрипција. Ако вашиот прелистувач не поддржува 256-битна енкрипција, тогаш користиме 128-битна v3 технологија. Може да препознаете дека некоја индивидуална веб-страница се пренесува во енкриптирана форма ако забележите икона со затворен клуч или катанец во долната статусна лента од вашиот прелистувач.

    Исто така, преземаме соодветни технички и организациски мерки за безбедност за заштита на вашите податоци од несакано или намерно манипулирање, делумна или целосна загуба, уништување или неовластен пристап од трети лица. Нашите мерки на безбедност постојано се подобруваат согласно технолошкиот развој.

11. Аналитички алатки

Мерките за следење кои се дадени во продолжение и кои ние ги користиме се спроведуваат врз основа на член 6(1) став 1 (ѓ) од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR). Ние ги користиме овие мерки за следење за да обезбедиме дека нашата веб-локација е дизајнирана согласно барањата и дека редовно се оптимизира. Исто така, мерките за следење ги користиме за собирање статистички податоци за користењето на нашата веб-локација и ги анализираме со цел оптимизација на нашата понуда за вас. Овие интереси треба да се сметаат за легитимни во смисла на горенаведената регулатива.

Соодветните цели на обработката на податоци и категориите податоци може да се најдат во соодветните алатки за следење во овој дел.

12. Ажурираност и измени на оваа политика на приватност

Оваа политика на приватност моментално е во сила и последен пат беше ажурирана во мај 2018 година.

Може да биде неопходно да се извршат измени на оваа политика на приватност поради подобрувања на нашата веб-локација и на понудите преку нашата веб-локација или поради промени во законските или официјалните обврски. Актуелната политика на приватност може да се вчита преку нашата веб-локација на www.eos-globalcollection.com и да се испечати во кое било време.