Политика на приватност

  • Политиката на приватност се однесува на обработката на податоци од:

    EOS Holding GmbH
    Steindamm 71
    20099 Hamburg, Germany

    Телефон: +49 40 2532-8657
    Факс: +49 40 2532-8658

    Е-пошта: info@eos-solutions.com

    Менаџмент: Клаус Енгбердинг (Претседавач), Јустус Хекинг-Фелтман, Андреас Кроп, Марвин Рамке и д-р Андреас Витциг

    Регистрациски суд: Hamburg HRB 124 966
    ДДВ број: DE 813 348 056

    Контакт со службеникот за заштита на податоци за компанијата EOS Holding GmbH  може да се оствари преку горенаведената адреса (ве молиме допишете ДО: EOS Holding GmbH – eos-globalcolletion.com) или преку е-пошта на datenschutz@eos-solutions.com.

  • Политиката на приватност се однесува на собирањето лични податоци на нашата веб-локација и на понатамошната обработка на тие податоци од наша страна.

    Освен тоа, оваа политика на приватност служи за обезбедување информации согласно член 13 и 14 од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR) за обработка на податоци надвор од опфатот на собирање преку оваа веб-локација. На овој начин ќе ви обезбедиме одделни политики на приватност за посебни активности за обработка на податоци на индивидуална основа.

  • Оваа политика на приватност не се однесува на податоците обработени од другите компании на EOS Group. Ова важи и во случај ако тие други компании од EOS Group заедно со нивните податоци за контакт се наведени на нашата веб-локација и/или нивните услуги се прикажани на нашата веб-локација.

    Другите компании од EOS Group ќе ви обезбедат одделни политики на приватност за посебни активности за обработка на податоци на индивидуална основа.

  • a. Кога ја посетувате веб-локацијата

    Кога ја вчитувате нашата веб-локација eos-globalcollection.com прелистувачот што го користите на вашиот уред автоматски испраќа информации до серверот на нашата веб-локација. Овие информации привремено се зачувуваат во датотека за евиденција. Следниве информации се собираат без ваша интервенција и се чуваат додека не бидат автоматски се брише по 3 дена:

    • IPадресата на компјутерот од кој се врши вчитување,
    • датумот и времето на пристапување,
    • името и URL на вчитаната датотека,
    • веб-локацијата од која се извршило пристапување (URL на упатување),
    • веб-локацијата вчитана од нашата веб-локација,
    • прелистувачот, а можеби и оперативниот систем на вашиот компјутер, како и името на давателот на интернет пристап.

    Ние ги собираме горенаведените податоци за следниве цели:

    • да обезбедиме непречено воспоставување врска со нашата веб-локација,
    • да обезбедиме непречено користење на нашата веб-локација,
    • да ги анализираме безбедноста и стабилноста на системот, како и
    • за други административни цели.

    Правна основа за обработка на податоците е член 6(1) став 1 (ѓ) од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR). Нашиот легитимен интерес произлегува од целите за собирање податоци наведени погоре. Собраните податоци во никој случај не ги користиме за извлекување заклучоци за вас.

     Освен тоа, кога ја посетувате нашата веб-локација користиме колачиња и аналитички услуги. Подетални информации за ова може да се најдат во деловите 6 и 7 од оваа политика на приватност.

    b. Кога стапувате во контакт со нас преку е-пошта

    Доколку имате какви било прашања, може да ни се обратите преку дадените адреси на е-пошта.

    Во тој случај, личните податоци пренесени преку е-пошта се зачувуваат. Правна основа за обработка на податоците со цел остварување контакт е член 6(1)(ѓ) од Општата регулативата за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR). Доколку контактот се остварува заради склучување договор, дополнителна правна основа за обработка е член (6)(1)(б) од Општата регулативата за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR).

    Ние ги бришеме личните податоци што ги собираме откако ќе го обработиме вашето барање, освен доколку немаме законско право или обврска за нивна понатамошна обработка.

  • Ние ги пренесуваме вашите лични податоци на други компании од EOS Group или на други трети лица (примачи) само доколку:

    • сте дале експлицитна согласност за една или неколку од посебните цели согласно член 6(1) став 1 (а) од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR),
    • обелоденување согласно член 6(1) став 1 (ѓ) од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR) е неопходно заради утврдување, водење или одбрана на правни побарувања и нема причина да се смета дека имате интерес за необјавување на вашите податоци кој заслужува примарна заштита,
    • во случај да има правна обврска за обелоденување согласно член 6(1) став 1 (в) од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR) и
    • тоа е законски допуштено и неопходно заради исполнување договорна обврска согласно член 6(1) став 1 (б) од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR),
    • ги имаме обработено податоците во наше име согласно член 28 од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR).

    Не се врши пренос на вашите лични податоци за цели различни од горенаведените.

  • Како и повеќето веб-страници, ние користиме колачиња кога пристапувате и ја прелистувате нашата веб-страница со цел вашата посета да ја направиме што е можно поудобна и поефективна.

    Колачињата се мали датотеки што ги креира веб локацијата и автоматски се чуваат во прелистувачот на вашиот уред (лаптоп, таблет, паметен телефон и слично). Колачињата не му штетат на вашиот уред и не содржат никакви вируси, тројански или друг злонамерен софтвер. Информациите дадени во врска со специфичниот уред што бил употребен се чуваат во колачето. Меѓутоа, тоа не значи дека на тој начин добиваме директно знаење за вашиот идентитет. 

    Користењето колачиња служи, првенствено, за употребата на нашата понуда да ви биде попријатна. На пример, користиме таканаречени сесиски колачиња за да препознаеме дека веќе сте посетиле дадена страница на нашата веб-страница. Тие автоматски се бришат во моментот кога ќе го затворите пребарувачот. Слично, за да направиме оптимизација на начинот на користење, употребуваме и привремени колачиња коишто се чуваат на вашиот уред одреден временски период. Ако повторно ја посетите нашата веб-страница за да ги користите нашите услуги, автоматски ќе препознаеме дека веќе сте нè посетиле и Ви овозможуваме користење на претходно внесените поставки, со што ја подобруваме корисничката услуга.

    Колачињата се поделени на четири категории и тоа: „Неопходни“, за „Статистика“, „Погодност“ и „Маркетинг“. 

    Неопходните колачиња се потребни за работата и основните функционалности на нашата веб-страница. Тие го овозможуваат функционирањето релевантно за безбедноста на оваа веб-страница. 
    Статистичките колачиња  се употребуваат за  подобрување на нашата понуда и обезбедување на дизајн според потребите на корисниците и континуирана оптимизација на нашата веб-страница. За таа цел, собираме анонимизирани податоци за статистика и аналитика, на пример, за да го утврдиме бројот на посети на веб-страницата, статистиката за преглед на страница и однесувањето на корисниците, со цел да ги приспособиме и подобриме нашата содржина и вашето искуство на веб-страницата.

    Колачињата за погодност се користат за да се олесни употребата на нашата веб-страница. При  повторнa посетa нашата веб-страница за да ги користите нашите услуги, автоматски ќе препознаеме дека веќе сте нè посетиле, а автоматски ќе бидат препознаени и внесовите и поставките што сте ги направиле за да не мора да ги внесувате повторно. На пример, на овој начин, нема да мора повторно да ги внесувате вашите кориснички податоци, туку кога повторно ќе ја посетите веб-страницата, ќе може да пристапите до податоците што веќе сте ги внеле. Употребуваме колачиња за маркетинг за да ви овозможиме релевантна содржина врз основа на вашите интереси кога ја посетувате нашата веб локација.

    Обработените податоци преку неопходните колачиња служат за наведените цели да се заштитат нашите легитимни интереси согласно Член 10, став 1, алинеја 6 од Закон за заштита на личните податоци, како што е соодветното функционирање на нашата веб-страница. 

    Собраните и обработени податоци преку колачињата за погодност, статистика и маркетинг се врши со ваша согласност, согласно Член 10, став 1, алинеја од Закон за заштита на личните податоци со цел да ви овозможиме индивидуализирана содржина, за статистички цели што служат да се подобри корисничкото искуство и за маркетиншки цели. Во однос на истите, може да ја промените/повлечете вашата согласност така што ќе кликнете на поставките за Промена на колачиња на дното од веб локацијата.

    Управување со колачиња

    Повеќето прелистувачи автоматски користат колачиња. Меѓутоа, може да го конфигурирате вашиот прелистувач за колачињата да се чуваат на вашиот компјутер или секогаш да се појави порака со известување пред да се зачува ново колаче. Секој прелистувач е различен, зависно од тоа како се управувани поставките за колачиња. Тоа е опишано во менито за Помош на секој прелистувач, каде е објаснето како да ги промените вашите поставки за колачиња. Следете ги линковите подолу зависно од тоа кој прелистувач го користите:

    Целосното деактивирање на колачињата може да доведе до тоа да не можете да ги користите сите функции на нашата веб локација.

    Ги користиме следните колачиња:

  • Назив Java Session Cookie (Колачиња за сесија со Java)
    Давател на услуги Сопственикот на оваа веб локација
    Цел Ова колаче го користи серверот за апликацијата.
    Тоа е од суштинско значење за соодветната работна на софтверот на апликацијата.
    Не складира лични податоци. 
    Назив на колачето jsessionid
    Времетраење на колачето Колаче за сесијата - се брише кога ќе го затворите прелистувачот.

     

    Назив cookieconsent_status
    Давател на услуги Сопственикот на оваа веб локација
    Цел Неопходно колаче што мора да се зачува со цел да се потврди лентата за колачиња.
    Назив на колачето cookieconsent_status
    Времетраење на колачето 20 дена
  • Назив VISITOR
    Давател на услуги Сопственикот на оваа веб локација
    Цел Го користиме ова колаче за да ви овозможиме индивидуализирана содржина. 
    Назив на колачето VISITOR
    Времетраење на колачето Колаче за сесијата - се брише кога ќе го затворите прелистувачот.

     

    Назив NEW_Visitor
    Давател на услуги Сопственикот на оваа веб локација
    Цел Го користиме ова колаче за да ви овозможиме индивидуализирана содржина.
    Назив на колачето new_visitor
    Времетраење на колачето 1 ден
  • Назив nmstat
    Давател на услуги Siteimprove GmbH
    Цел Ова колаче се користи за да помогне да се направи запис за употребата на веб-страницата од страна на посетителот.
    Се користи за да се собере статистика за употребата на веб-страницата како и за тоа кога посетителот последен пат ја посетил истата.
    Тие информации потоа се користат за да се подобри корисничкото искуство на веб-страницата. Ова колаче за аналитика за подобрување на веб-страницата содржи случајно генерирана идентификација што се користи за да се препознае прелистувачот кога посетителот чита некоја страница. Колачето не содржи лични податоци и се користи само за веб аналитика.
    Назив на колачето nmstat
    Времетраење на колачето Постојано – истекува после 400 дена

     

    Назив AWSELB
    Давател на услуги Siteimprove GmbH
    Цел Колачето AWSELB гарантира дека сите прегледи на страниците за истата посета (сесија на корисници) се испратени до истата крајна точка. Ова ни овозможува да ја утврдиме редоследот на прегледите на страниците на корисникот потребни за функции како Следење на однесувањето и инките.
    Назив на колачето AWSELB
    Времетраење на колачето Колаче за сесијата - се брише кога ќе го затворите прелистувачот.
  • Назив siteimproveses
    Давател на услуги Siteimprove GmbH
    Цел Ова колаче се употребува само за да се следи секвенцата на страниците што ги прегледува посетителот за време на посетата на веб-страницата.
    Тие информации може да се употребат за да се креираат Кориснички патувања и им овозможува на посетителите побрзо да ги најдат релевантните информации.
    Назив на колачето siteimproveses
    Времетраење на колачето Сесиско колаче - се брише кога ќе го затворите прелистувачот.
  • Shariff solution

    Ние користиме Shariff копчиња од социјалните мрежи Facebook, Twitter, Google+, LinkedIn, Xing  на нашата веб-локација. Копчињата се едноставни HTML врски. Постапката што ја користиме е во рамки на решението Shariff. Со решението Shariff, скриптата вчитува колку пати, на пр. било кликнато копчето за споделување што се наоѓа на страницата. За таа цел, скриптата стапува во контакт со социјалната мрежа преку програмските интерфејси и ги вчитува бројките. Притоа, не се пренесува ниту еден ваш личен податок. Наместо вашата IP-адреса, само адресата на нашиот сервер се испраќа до Facebook, Google и Twitter. Ќе бидете директно поврзани со Facebook, Google или Twitter само ако извршите некое дејство. Пред тоа, социјалните мрежи не може да соберат никакви податоци за вас. Сѐ додека не кликнете на некоја врска за споделување содржина, ќе бидете невидливи за мрежите. Доколку кликнете на некоја врска, ние повеќе немаме обврска за обезбедување информации за собирањето и обработката на податоците, туку таа обврска ја има операторот на социјалната мрежа.

  • Имате право:

    • согласно член 15 од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR) да побарате информации за вашите лични податоци што биле обработени од нас, поточно за целта на обработката, категоријата на лични податоци, категоријата на примачи со кои биле или ќе бидат споделени податоците, предвидениот период на задржување на податоците, постоењето на право на исправка, бришење, ограничување на обработката или приговор, постоењето на право на поднесување жалба, потеклото на вашите податоци доколку тие не биле собрани од наша страна и постоењето на автоматско одлучување, вклучително и профилирање, а ако е соодветно, и значенски информации за нивните детали;
    • согласно член 16 од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR) да побарате исправка на неточните или дополнување на личните податоци од вас што ги чуваме;
    • согласно член 17 од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR) да побарате бришење на вашите лични податоци што ги чуваме, под услов да не е неопходна нивна обработка заради остварување на правото на слобода на изразување и информирање, заради исполнување законски обврски, заради причини од јавен интерес или заради утврдување, остварување или одбрана на правни побарувања;
    • согласно член 18 од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR) да побарате ограничување на обработката на вашите лични податоци доколку ја оспорувате точноста на податоците и обработката е незаконска, но вие одбивате нивно бришење, а нам повеќе не ни се потребни податоците, но вам ви се потребни заради утврдување, остварување или одбрана на правни побарувања, или пак сте поднеле приговор на обработката согласно член 21 од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR);
    • согласно член 20 од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR) да побарате да ви ги доставиме во структуриран, стандарден и машински читлив формат вашите лични податоци што сте ни ги обезбедиле или да ги пренесеме на друго одговорно лице;
    • согласно член 7(3) од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR), во кое било време да ја повлечете согласноста што претходно ни ја имате дадено. Како последица на тоа, ние нема да смееме да продолжиме со обработката на податоци врз основа на таа согласност во иднина; и
    • согласно член 77 од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR) да поднесете жалба до надзорен орган. Обично може да стапите во контакт со надзорниот орган во вашето место на живеење или место на работа или нашата централа.
  • Ако вашите лични податоци се обработени врз основа на легитимни интереси согласно член 6(1) став 1 (ѓ) од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR), вие имате право согласно член 21 од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR) да поднесете приговор на обработката на вашите лични податоци под услов да има причини за тоа што произлегуваат од вашата конкретна ситуација или приговорот да се однесува на директно рекламирање. Во вториот случај, имате право на општ приговор кој ќе биде спроведен од нас без потреба од изјава за каква било конкретна ситуација.

    Ако сакате да го искористите вашето право за повлекување или одбивање, сѐ што треба да направите е да испратите е-порака на datenschutz@eos-solutions.com.

  • При посета на веб-локацијата ние го користиме широкоприфатениот метод SSL (слој на безбедни приклучоци) во комбинација со највисокото ниво на енкрипција што го поддржува вашиот прелистувач. Обично тоа е 256-битна енкрипција. Ако вашиот прелистувач не поддржува 256-битна енкрипција, тогаш користиме 128-битна v3 технологија. Може да препознаете дека некоја индивидуална веб-страница се пренесува во енкриптирана форма ако забележите икона со затворен клуч или катанец во долната статусна лента од вашиот прелистувач.

    Исто така, преземаме соодветни технички и организациски мерки за безбедност за заштита на вашите податоци од несакано или намерно манипулирање, делумна или целосна загуба, уништување или неовластен пристап од трети лица. Нашите мерки на безбедност постојано се подобруваат согласно технолошкиот развој.

11. Аналитички алатки

Мерките за следење кои се дадени во продолжение и кои ние ги користиме се спроведуваат врз основа на член 6(1) став 1 (ѓ) од Општата регулатива за заштита на лични податоци на ЕУ (GDPR). Ние ги користиме овие мерки за следење за да обезбедиме дека нашата веб-локација е дизајнирана согласно барањата и дека редовно се оптимизира. Исто така, мерките за следење ги користиме за собирање статистички податоци за користењето на нашата веб-локација и ги анализираме со цел оптимизација на нашата понуда за вас. Овие интереси треба да се сметаат за легитимни во смисла на горенаведената регулатива.

Соодветните цели на обработката на податоци и категориите податоци може да се најдат во соодветните алатки за следење во овој дел.

12. Ажурираност и измени на оваа политика на приватност

Оваа политика на приватност моментално е во сила и последен пат беше ажурирана во мај 2018 година.

Може да биде неопходно да се извршат измени на оваа политика на приватност поради подобрувања на нашата веб-локација и на понудите преку нашата веб-локација или поради промени во законските или официјалните обврски. Актуелната политика на приватност може да се вчита преку нашата веб-локација на www.eos-globalcollection.com и да се испечати во кое било време.

ПОСТАВКИ ЗА КОЛАЧИЊА

Користиме колачиња на нашата веб-страница за да ви овозможиме најдобра можна корисничка услуга. Тука спаѓаат колачиња што се неопходни за работата на веб локацијата, колачиња коишто се користат само за анонимни статистички цели, колачиња што се користат за поставки за погодност и колачиња што се користат за да ви овозможиме индивидуализирана содржина врз основа на вашите интереси. Самостојно може да одлучите дали сакате да дозволите употреба на колачиња за статистика, погодност или маркетинг. Покрај тоа, може да ја промените/повлечете вашата согласност во кое било време така што ќе кликнете на поставките за Промена на колачиња на дното од веб-страницата. Дополнителни информации може да најдете во нашата Политика за приватност.

Неопходни

Употребуваме неопходни колачиња. Тоа се колачиња кои се неопходни за работата и основните функционалности на веб –страницата и го овозможуваат функционирањето кое е релевантно за безбедноста на нашата веб-страница.
Овде може да прочитате кои колачиња ги употребуваме.

Статистика

Дозволувањето на употребата на колачиња за погодност ви овозможува полесна употреба на нашата веб-страница. При  повторнa посетa нашата веб-страница за да ги користите нашите услуги, автоматски ќе препознаеме дека веќе сте нè посетиле, а автоматски ќе бидат препознаени и внесовите и поставките што сте ги направиле за да не мора да ги внесувате повторно. На пример, на овој начин, нема да мора повторно да ги внесувате вашите кориснички податоци, туку кога повторно ќе ја посетите веб-страницата, ќе може да пристапите до податоците што веќе сте ги внеле. 
Овде може да прочитате кои колачиња ги употребуваме.

Погодност

Употребуваме статистички колачиња за да ја подобриме нашата понуда,  да обезбедиме дизајн според потребите на корисниците и континуирана оптимизација на нашата веб-страница. 
За таа цел, собираме анонимизирани податоци за статистика и аналитика, на пример, за да го утврдиме бројот на посети на веб-страницата и однесувањето на корисниците, со цел да ги приспособиме и подобриме нашата содржина и вашето искуство на веб-страницата. 
Овде може да прочитате кои колачиња ги употребуваме.

Маркетинг

Со помош на колачињата за маркетинг при посета на нашата веб-страница овозможуваме приказ на релевантна содржина врз основа на вашите интереси.
Овде може да прочитате кои колачиња ги употребуваме.